Зошто Да Нѐ Изберете Нас

RÖDER HTS HÖCKER е глобално познат бренд кому можете да му верувате дека ќе обезбеди голем избор, квалитет, глобално присуство и иновации за сите клиенти низ целиот свет. Компанијата ги комбинира на уникатен начин фокусираноста на клиентот врз семејните претпријатија, воведувајќи пионерска иновација на дизајн и напредни производни постапки.



Избор

огромен и разновиден асортиман на привремени структурни системи произведени во нашиот најсовремен производен капацитет во Германија. Капацитетот има произведувачки капацитет од 60.000м² нови структури неделно, со што се овозможува кратко време од нарачка до испорака, независно од големината на нарачката.



Глобално присуство

сопствен технички тим за продажба, стратешки распоредени низ целиот свет, кои нудат локално знаење, поддршка. Брзо снабдување, испорака и монтирање речиси секаде.



Иновација

постојана иновација со нова технологија, материјали и постапки што обезбедуваат оптимален дизајн и избор. Дизајнот вклучува основни, мали пагоди и прекрасни, уникатни и целосно приспособени полупостојани структури. Специјално наменет технички тим од дизајнери со CAD/CAM и градежни инженери за приспособени проекти.



Германски квалитет

сите производи се дизајнирани и произведени од RÖDER HTS HÖCKER во Германија. Компонентите се обработени на CNC машини и доработени рачно, а сите структури се произведени и целосно сертификувани по европски и меѓународни стандарди.

Гледајте го видеозаписот


ЗА RÖDER HTS HÖCKER


RÖDER HTS HÖCKER беше создадена во 2001 година од Хајнц Родер, иноватор во индустријата, кој беше способен да инвестира речиси половина век искуство и знаење во формирањето и развојот на дејноста.

Денес, RÖDER HTS HÖCKER се смета за водечка снага во современата индустрија за структури и врши снабдување со најголем и најразновиден асортиман од современи и полупостојани шатори за настани и современи структури за приватните и јавните сектори низ целиот свет.

RÖDER HTS HÖCKER продолжува да инвестира во современиот производен капацитет од 64.000 м² сертификуван по ISO со седиште во Кефенрод, Германија и обезбедува оптимален избор производи, ниво на услуга, погодно време од нарачка до испорака, контрола на квалитет, конкурентни цени и најсовременото во новите технологии, дизајн и иновација за сите клиенти.

Компанијата во моментот вработува над 280 висококвалификувани и обучени работници, а поголемиот дел од нив се вработени во RÖDER HTS HÖCKER уште од формирањето на претпријатието. Ова вклучува силен тим од над 60 експерти за продажба, стратешки распоредени за да ги опфаќаат сите глобални региони и да пружаат локална поддршка, снабдување, дистрибуција и монтирање по потреба.


Приспособени решенија

Проектирани според вашите барања

Погледнете


Историја

Денес новата фамилијарна компанија, RÖDER HTS HÖCKER GmbH дејствува на врвот во дизајнот и конструкцијата на привремени шаторски структурни конструкции а со неа раководи синот на Heinrich Röder, генералниот извршен директор Heinz Röder кој ја основа неговата нова компанија во 2001, продолжувајќи ја така фамилијарната традиција во новата генерација.


1959

Раните почетоци на бизнисот со шатори на фамилијата Röder започна со изнајмување на шатори од дрвена конструкција со покривни обвивки од платно за користење како сопствен инвентар за изнајмување на компанијата.

1961

Бизнисот на фамилијата Röder се проширува на пазарот со испорака на сопствени шатори кои сега се нудат за продажба на други компании за изнајмување на шатори.

1965

Почетната производна палета на компанијата се развива со внесувањето на челикот кој се користи како главен материјал за компонентите на рамковата конструкција наместо претходно користениот материјал од дрво.

1975

Развојот и достапноста на екструдираниот алуминиум, заедно со видните намалувања на тежината во споредба со челикот, се покажа како корисна алтернатива за конструкција на модуларните шаторски конструкции. Користењето на екструдиран алуминиум има дополнителна предност што можат да се користат интегрирани канали кои што видливо го подобруваат дизајнот, при што се користат „кедер“ канали за обезбедување на кровот и покривките на ѕидовите; преку кедер-фиксирачкиот систем новиот дизајн стана прав модуларен систем.

1978

Новата алуминиумска конструкција со кедер систем, заедно со растечкиот асортиман на дизајни за шатори брзо стана успех за бизнисот на фамилијата Родер. За да се капитализира растечката потражувачка за производите, фамијата Родер отвори нова фабрика исклучиво за масовно производство на нивните разновидни шаторски системи. Фабриката беше лоцирана во родниот град на фамилијата Röder во Волферборн, Бидиген, Германија.

1984

Постојаниот развој на производите му овозможи на бизнисот на фамилијата Röder да се истакне како важен играч на пазарот, врвот на развојната програма доведе до дизајн, производство и пуштање на пазарот на првиот во светот двоспратен модуларен шатор на повеќе нивоа кој беше сепак целосно демонтирачки – денес наоѓа примена во бројни примени ширум светот.

1992

Хајнц и Едвин Родер го ставаат фамилијарниот бизнис, RÖDER AG, на германската берза.

1993

Мнозинството акции на компанијата RÖDER AG ги презема Klöckner & Co AG. Во тој момент фамилијата Родер го отстапува сопствеништвото во компанијата.

1994

Хајнц Родер го финализира примопредавањето на бизнисот на Klöckner & Co AG и ја напушта RÖDER AG.

2001

По седум години водење други бизнис интереси Heinz Röder ја основа неговата нова специјализирана компанија за производство на привремени конструкции RÖDER HTS High Tech Structures KG, повторно со седиште во реонот на Волферборн, Бидинген, Германија.

2002

RÖDER HTS KG ги отвара првите продажни канцеларии во Обединетото Кралство, Франција.

2003

RÖDER HTS KG отвара продажна канцеларија за Средниот Исток.

2004

RÖDER HTS KG го презема бизнисот на конкурентот HÖCKER STRUCTURES, Бад Залцуфлен, Германија. Стратешкото преземање на HÖCKER STRUCTURES отвора нови пазари и го надополнува тогашниот асортиман на RÖDER HTS KG со нови производи.

2005

RÖDER HTS KG и HÖCKER GmbH формално се споија во едно трговско друштво познато како RÖDER HTS HÖCKER GmbH. За време на истата година, производните капацитети на RÖDER HTS and HÖCKER STRUCTURES се фузираат во еден нов високомодерен објект со површина од 42000m² со седиште во Кефенрод, Германија.

2006

RÖDER HTS HÖCKER GmbH отвара подружница во Сингапур.

2007

RÖDER HTS HÖCKER GmbH отвара стратешки подружници во Русија и Индија.

2008

RÖDER HTS HÖCKER GmbH воведува нов асортиман на шатори дизајнирани да бидат целосно компатибилни со други дизајни испорачани од други производители.

2009

Фамилијата Родер слави 50 годишнина во бизнисот со шатори на 2009 RÖDER HTS HÖCKER GmbH TENT-EXPO. Истата година е претставена патентираната хибридна рамковна конструкција од карбон и метална легура.

2010

Официјално претставување на патентираниот хибриден рамковно конструкционен систем од карбон во врска со алуминиум – конструкцијата е лесна и прва во светот во модуларната шаторска технологија со самоносечки должини.

2011

Фамилијарната компанија, RÖDER HTS HÖCKER GmbH е претставена глобално во 32 држави ширум светот. Компанијата го најави купувањето на 22000m² земја која граничи со моменталната производна хала со големина од 42000m² – новата локација ќе овозможи адекватен дополнителен простор за понатамошно ширење. Првата фаза ќе се заврши во октомври 2011 со изградба на 2600m² високомодерна хала за производство на PVC покривни обвивки.

2012

RÖDER HTS HÖCKER GmbH создава специјално наменет воен и хуманитарен оддел, во кој нуди специјализиран асортиман од лесни и разновидни брзомонтажни засолништа, дизајнирани да ги задоволат различните потреби на овој специјализиран сектор.

2015

Партнерската компанија HTS Industriebau е основана како специјалист за дизајн и производство на брзомонтажни структури со челични рамки.

2017

RÖDER HTS HÖCKER GmbH го стартува повторно својот воен оддел како HTS Rapid Deployment Shelters со нова специјално наменета интернет-страница.



Дизајн И Производство

Прочитајте повеќе за нашиот обемен дизајн, производните способности и капацитетите.

Прочитајте повеќе