Политика на приватност

1 Информации во врска со собирање лични податоци

(1) Оваа политика овозможува информации за тоа како ги собираме и користиме вашите лични податоци кога ја користите нашата интернет-страница.
Личните податоци ги вклучуваат сите податоци кои се однесуваат лично вам, на пример, име, адреса, е-адреси, корисничко однесување.

(2) Контролор на податоците, во согласност со чл. 4, став 7 од Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR), е:

Röder HTS Höcker GmbH
Hinter der Schlagmühle 1
63699 Kefenrod
Германија
Тел. +49 6049 95100
Е-пошта: verkauf@roeder-hts.de
Интернет-страница: www.roeder-hts.de

(3) Име и адреса на Службеникот за заштита на податоци

Службеник за заштита на податоци на контролорот на податоци е:

Jörg Hagen
Jhcon.de
Veilchenweg 6a
30989 Gehrden
Германија
Тел. +49 5108 9090112
Е-пошта: hagen@jhcon.de
Интернет-страница: www.jhcon.de

(4) Кога ќе стапите во контакт со нас преку е-пошта или преку нашиот формулар за контакт, ние ги складираме податоците кои вие ќе ни ги дадете (вашата е-адреса, вашето име и вашиот телефонски број) за да можеме да ви одговориме на вашите прашања. Штом ваквото собирање податоци стане непотребно, ние ги бришеме или ја ограничуваме нивната обработка ако сме законски обврзани да ги чуваме.

(5) Ако треба да користиме трето лице за обезбедување на дел од нашата услуга или би сакале да ги користиме вашите податоци за маркетиншки цели, ќе ви доставиме детални информации за процесите, како што е наведено подолу. Исто така, ќе ги потврдиме критериумите за утврдување на тоа колку долго вашите податоци ќе бидат складирани.

2 Ваши права

(1) Ги имате следните права што се однесуваат на личните податоци за вас:
• Право на информации
• Право на исправка или бришење
• Право на ограничување на обработката
• Право на приговор на обработката
• Право на преносливост на податоците.

(2) Исто така, имате право на жалба до орган надлежен за надзор на заштитата на податоци во врска со тоа како ги обработуваме вашите лични податоци.

3 Како се собираат вашите лични податоци кога ќе ја посетите нашата интернет-страница

(1) Кога ќе ја посетите нашата интернет-страница заради чисто информативни цели, на пример, кога не се најавувате, не се регистрирате или на поинаков начин не испраќате информации до нас, ние не собираме никакви лични податоци, со исклучок на податоци кои вашиот прелистувач ги испраќа до нашиот сервер. Ако сакате да ја прегледувате нашата интернет-страница, ние ги собираме следните податоци неопходни за да ви ја обезбедиме нашата интернет-страница и да осигураме дека е стабилна и безбедна (законска основа за тоа е чл.6, став 1(f) од GDPR):
• ИП адреса
• Датум и време на барање
• Разлика во временски зони според Средното време по Гринич (GMT)
• Детали за барањето (конкретна страница)
• Статус на пристап/HTTP код на статус
• Количина на пренесени податоци
• Интернет-страница од која потекнува барањето
• Прелистувач што се користи
• Оперативен систем и неговиот интерфејс
• Јазик и верзија на софтверот на прелистувачот.

(2) Освен горенаведените податоци, нашата интернет-страница складира „колачиња“ на вашиот компјутер кога ја користите нашата интернет-страница. „Колачињата“ претставуваат мали текстуални датотеки кои се складираат од страна на вашиот прелистувач на вашиот тврд диск, а кои анализираат конкретни информации засновани на тоа каде е поставено „колачето“ (од наша страна). „Колачињата“ не може да управуваат со програми, ниту да пренесуваат вируси во вашиот компјутер. Тие ни помагаат да ја подобриме нашата интернет-страница и да ја направиме попријателски настроена кон корисниците.

(3) Како користиме „колачиња“
а) Информациите дадени подолу се однесуваат на типовите „колачиња“ кои ги користи оваа интернет-страница и на тоа како тие работат:
• Привремени „колачиња“ (видете под б)
• Трајни „колачиња“ (видете под в).

б) Привремените „колачиња“ автоматски се бришат кога ќе го затворите прелистувачот. Тие вклучуваат „колачиња“ за сесија. Складираат ИД на сесија, што се користи за алоцирање на барањата од вашиот прелистувач, за таа конкретна сесија. Со тоа се овозможува вашиот компјутер да биде препознаен следниот пат кога ќе ја прегледувате нашата интернет-страница. „Колачињата“ за сесија се бришат кога ќе се одјавите или кога ќе го затворите вашиот прелистувач.

в) Трајните „колачиња“ автоматски се бришат по одреден временски период кој се разликува во зависност од „колачето“. „Колачињата“ можете да ги избришете преку поставките за безбедност на вашиот прелистувач.

г) Можете да ги конфигурирате поставките на вашиот прелистувач така што, на пример, да ги одбива „колачињата“ од трети лица или сите „колачиња“. Важно е да се напомене дека ако го направите тоа, може да не сте во можност да ги користите сите функции на оваа интернет-страница.

4 Други функции и услуги кои ги обезбедува нашата интернет-страница

(1) Освен обезбедување информации, нашата интернет-страница исто така нуди опсег на услуги за кои можеби сте заинтересирани. За пристап до нив, вообичаено, треба да доставите лични податоци, кои ги користиме за доставување на услугата што е во прашање; претходно-наведените закони за обработка на податоците важат и во овој случај.

(2) Понекогаш користиме даватели на услуги од трети лица за обработка на вашите податоци. Тие се внимателно избрани од наша страна, обврзани се со нашите упатства и редовно се проверуваат.

(3) Ако нашите даватели на услуга или партнери се засновани во држава надвор од Европската економска област (EEО), ќе ве информирме за соодветните последици во описот на услугата.

4.1 Анализа – Google Analytics

(1) Оваа интернет-страница користи Google Analytics, интернет-услуга за анализа која ја обезбедува Google Inc. (во натамошниот текст „Google“). Google Analytics користи „колачиња“, текстуални датотеки кои се складираат на вашиот компјутер и овозможуваат вашето користење на интернет-страницата да биде анализирано. Информациите, собрани од страна на „колачињата“, во врска со вашата употреба на оваа интернет-страница, се испраќаат до сервер на Google во САД и таму се складираат. Ако се користи ИП анонимизација, Google ќе ја скрати вашата ИП адреса во рамки на земјите-членки на Европската унија или други држави кои се потписнички на Договорот за Европска економска област. Во исклучителни случаи, целосната ИП адреса ќе биде испратена до сервер на Google во САД и таму ќе биде скратена. Google ќе ги користи овие информации во име на операторот на интернет-страницата за да ја анализира вашата употреба на интернет-страницата, да состави извештаи за активноста на интернет-страницата и да достави услуги поврзани со интернет-страницата и користењето интернет за операторот на интернет-страницата.

(2) ИП адресата доставена од страна на вашиот прелистувач, како дел од Google Analytics, нема да биде поврзана со никои други податоци кои ги чува Google.

(3) Можете да спречите „колачињата“ да се складираат на вашиот компјутер со прилагодување на поставките на вашиот прелистувач, но важно е да се напомене дека ако го направите тоа, може да не сте во можност во целост да ги користите сите функции на оваа интернет-страница. Исто така, можете да спречите податоците кои се собираат од страна на „колачето“ кое се однесува на вашето користење на интернет-страницата да бидат складирани и обработувани од страна на Google, со користење на следниот линк за преземање и инсталирање додаток на прелистувачот:
https://tools.google.com/dlpage/gaoptout?hl=en.

(4) Оваа интернет-страница користи Google Analytics со наставката ‘_anonymizelp()’. Со тоа, ИП адресите се обработуваат во скратена форма така што да не може да се поврзат со конкретно лице. Ако податоците собрани за вас се поврзани со конкретно лице, тоа веднаш се отстранува и личните податоци се бришат.

(5) Ние користиме Google Analytics за анализирање на тоа како се користи нашата интернет-страница и за да ни овозможи постојано да ја подобруваме. Собраната статистика ја користиме за да ја подобриме нашата услуга и да ја направиме што попривлечна за корисниците. Во исклучителен случај кога лични податоци ќе се пренесат во САД, Google е предмет на Заштитата на приватноста на ЕУ и САД (EU-US Privacy Shield): https://www.privacyshield.gov/EU-US-Framework. Законска основа за користењето Google Analytics е чл.6, став 1(f) од GDPR.

(6) Доставувач од трето лице: Google Dublin, Google Ireland Ltd., Gordon House, Barrow Street, Dublin 4, Ирска, Факс: +353 (1) 436 1001. Услови за користење на услугата: https://www.google.com/analytics/terms/us.html, Резиме на политиката на приватност: https://support.google.com/analytics/answer/6004245?hl=en и Политика на приватност: https://policies.google.com/privacy.

4.2 Билтен на вести

(1) Можете да се согласите да се запишете за добивање на нашиот билтен на вести, кој ве информира за нашите најнови, интересни понуди и услуги. Детали за овие стоки и услуги се дадени во формуларот за согласност.

(2) Регистрацијата за нашиот билтен на вести го користи процесот со двојна согласност. Тоа значи дека испраќаме е-порака до е-адресата која сте ни ја дале при регистрацијата со која ве замолуваме да потврдите дека би сакале да го добивате билтенот на вести. Ако не ја потврдите вашата регистрација во рок од 48 часа, вашите информации се блокираат и автоматски се бришат по еден месец. Исто така, ги складираме сите ИП адреси што ги користите, како и времињата на вашата регистрација и вашата потврда. Овој процес има цел да ја потврди вашата регистрација и да разјасни какви било евентуални злоупотреби на вашите лични податоци.

(3) Единствениот податок што треба да го дадете за да можете да се запишете за добивање на билтенот со вести е вашата е-адреса. Давањето какви било други побарани податоци е на доброволна основа и овие податоци се користат само за персонализирање на нашиот контакт со вас. По добивањето на вашата потврда, ние ја складираме вашата е-адреса со цел испраќање на билтенот со вести. Законска основа за тоа е чл.6, став 1(a) од GDPR.

(4) Во секое време можете да ја повлечете вашата согласност да ви биде испраќан билтенот со вести и да се отпишете од неговото добивање. Можете да се отпишете со кликнување на линкот даден во секој од билтените со вести, со што се испраќа е-порака до verkauf@roeder-hts.de или со испраќање порака до контактот наведен во „Правни информации“.

4.3 Дополнителни функции

4.3.1 Вметнати YouTube видео-записи
(1) Во нашата интернет-страница имаме вметнато YouTube видео-записи кои се складирани на http://www.YouTube.com и може да се емитуваат на нашата интернет-страница.

(2) Кога ја посетувате нашата интернет-страница, YouTube ќе биде информиран дека сте ја прегледале потстраницата што е во прашање на нашата интернет-страница. Освен тоа, тие ги примаат информациите наведени под Точка 3 од оваа политика. Тоа ќе се случи без разлика дали имате или немате корисничка сметка на YouTube на која сте најавени. Ако сте најавени на Google, вашите податоци ќе бидат поврзани со вашата сметка. Ако не сакате вашите податоци да бидат поврзани со вашиот YouTube профил, треба да се одјавите пред да кликнете на копчето. YouTube ги складира вашите податоци како профил на употреба и ги користи за цели на рекламно и маркетинг истражување и/или за оптимизирање на својата интернет-страница. Оваа анализа (која вклучува и корисници кои не се најавени) се извршува со цел да се обезбедат што поиндивидуализирани реклами и да се информираат другите корисници на социјалната мрежа за вашите активности на нашата интернет-страница. Имате право да поднесете приговор на создавањето на овој кориснички профил, а за таа цел, треба да стапите во контакт со YouTube.

(3) Повеќе информации за тоа како и зошто YouTube собира и обработува податоци, можете да најдете во нивната политика на приватност. Во неа, исто така, се содржани повеќе информации за вашите права и за тоа како можете да ги промените вашите поставки така што да ја заштитите својата приватност: https://policies.google.com/privacy?hl=en&gl=en. Google, исто така, ги обработува вашите лични податоци во САД и е предмет на Заштитата на приватноста на ЕУ и САД (EU-US Privacy Shield), https://www.privacyshield.gov/EU-US-Framework.

4.3.2 Вметнати Google Maps
(1) Ние користиме Google Maps на оваа интернет-страница. Тоа ни овозможува да ви прикажуваме интерактивни мапи на интернет-страницата, со што функцијата за мапи станува попријателски настроена кон корисниците.

(2) Кога ја посетувате нашата интернет-страница, Google ќе биде информиран дека сте ја прегледале потстраницата што е во прашање на нашата интернет-страница. Освен тоа, тие ги примаат информациите наведени под Точка 3 од оваа политика. Тоа ќе се случи без разлика дали имате или немате корисничка сметка на Google на која сте најавени. Ако сте најавени на Google, вашите податоци ќе бидат поврзани со вашата сметка. Ако не сакате вашите податоци да бидат поврзани со вашиот Google профил, треба да се одјавите пред да кликнете на копчето. Google ги складира вашите податоци како профил на употреба и ги користи за цели на рекламно и маркетинг истражување и/или за оптимизирање на својата интернет-страница. Оваа анализа (која вклучува и корисници кои не се најавени) се извршува со цел да се обезбедат што поиндивидуализирани реклами и да се информираат другите корисници на социјалната мрежа за вашите активности на нашата интернет-страница. Имате право да поднесете приговор на создавањето на овој кориснички профил, а за таа цел, треба да стапите во контакт со Google.

(3) Повеќе информации за тоа како и зошто Google собира и обработува податоци, можете да најдете во нивната политика на приватност. Во неа, исто така, се содржани повеќе информации за вашите права и за тоа како можете да ги промените вашите поставки така што да ја заштитите својата приватност: https://policies.google.com/privacy?hl=en&gl=en. Google, исто така, ги обработува вашите лични податоци во САД и е предмет на Заштитата на приватноста на ЕУ и САД (EU-US Privacy Shield), https://www.privacyshield.gov/EU-US-Framework.

4.3.3 Користење веб-фонтови
На овие интернет-страници се користи Google Fonts. Google Fonts е услуга која ја обезбедува Google. До овие веб-фонтови се пристапува преку сервер, вообичаено сервер на Google во САД. Со пристапување до серверот, исто така се испраќаат информации за тоа кои интернет-страници сте ги посетиле. ИП адресата на прелистувачот на крајниот уред што се користел за посетување на овие интернет-страници исто така се складира од страна на Google. Повеќе информации за тоа можете да најдете во известувањата за приватност на Google, кои се достапни на следната адреса: www.google.com/fonts#AboutPlace:about или www.google.com/policies/privacy/

5 Контролирање на вашите податоци

(1) Ако сте ја дале вашата согласност за обработка на вашите податоци, истата можете да ја повлечете во секое време. Штом изјавите дека ја повлекувате вашата согласност, ние веќе нема да имаме дозвола да ги обработуваме вашите лични податоци.

(2) Ако обработката на вашите лични податоци се заснова на принципот на легитимен интерес, можете да поднесете приговор на обработката. Тоа конкретно може да настане ако обработката не е неопходна за исполнување на договорот со вас, на што ќе биде укажано од наша страна во секој случај, во соодветниот опис на функции. Ако поднесете приговор, наведете ги причините за тоа зошто не треба да ги обработуваме вашите лични податоци на начинот на кој што го правиме тоа. Ако вашиот приговор е оправдан, ќе спроведеме истрага и или ќе прилагодиме како се обработуваат вашите податоци, или ќе ја прекинеме обработката, или пак, ќе го објасниме легитимниот интерес поради кој ќе продолжиме да ги обработуваме вашите податоци.

(3) Можете во секое време да поднесете приговор на обработката на вашите лични податоци за цели на реклама и анализа на податоци. Испратете го вашиот приговор во врска со реклами на следната е-адреса: verkauf@roeder-hts.de.

6 Надворешни линкови

На нашата интернет-страница има линкови кои водат до страници од интерес од трети лица. Ако одреден надворешен линк не може веднаш да се препознае како таков, ние ќе означиме дека станува збор за надворешен линк. Операторот на интернет-страницата нема влијание врз содржината и дизајнот на страниците од другите лица и, затоа, ве упатуваме кон нивните политики на приватност. Гаранциите обезбедени со оваа изјава за приватност не важат за овие други страници.

Од датум: 18.05.2018 г.