Сопствена експертиза

Нашиот оддел за технички дизајн има долгогодишно искуство и познавање на дизајнот на приспособените структури за настани. Оваа експертиза, заедно со најновото моделирање со 3D CAD и автоматизираното прецизно CNC производство ѝ овозможи на компанијата RÖDER HTS HÖCKER да стане водечка сила во ова високоспецијализирано поле.

Бескрајни можности

Од почетни идеи, до работни цртежи, производство, испорака и монтирање по потреба, нашиот оддел за специјални проекти може да создаде речиси секаков можен дизајн.
Структурите може да се дизајнираат во различни големини, облици и да се проектираат со поголема издржливост на силен ветер и снег за проекти за екстремни климатски услови или средини.
Во текот на годините соработувавме со приватни, корпоративни и владини клиенти низ целиот свет и создадовме и испорачавме навистина иновативни, впечатливи и уникатни структури за настани.

Заштеда на време и пари

Кога дизајнираме приспособени структури за настани, една од нашите основни цели е да употребие максимално количество складирани компоненти што се употребуваат во стандардниот асортиман шатори и структури. Тоа значи дека проектот може да се произведе многу побргу, отколку ако компонентите се произведат индивидуално, а тоа исто така ја намалува и цената.

Прашајте за структурите со приспособен дизајн


Галерија