Вовед

TENT-EXPO е светски познатата, „во рамки на фирмата“ годишна изложба за секторот за меѓународни настани и секторот за привремени конструкции. Изложбата го прикажува разновидниот асортиман на самоносечки шаторски конструкции кои се достапни од HTS tentiQ заедно со претставување на најновите производни иновации на компанијата и додатна опрема. Настанот исто така вклучува презентации на производи и информативни тури низ производствените објекти на HTS tentiQ.

Покрај производите на HTS tentiQ , на изложбата се застапени и други водечки доставувачи на опрема за индустријата за организација на настани, кои доаѓаат од ширум светот за да ги изложат нивните производи и услуги. Тука влегуваат производители на мебел, софтвер за организација на настани / инвентар, внатрешни облоги како и греење, вентилација и климатизација.

Влезот е слободен а вклучени се гратис храна и пијалаци за време на настанот. За тие кои доаѓаат од странство, HTS tentiQ нуди бесплатно хотелско сместување како и превоз помеѓу аеродромот и изложбените простории.

Настанот значително порасна и сега привлекува повеќе од 2000 посетители за време на четиридневниот настан што се одржува во ноември на специјално изградената изложбената површина во Вехтербах, Германија.

Ве очекуваме со нетрпение во 2020.

Хериберт Дехер, извршен директор

Галерија



TENT-EXPO Address

HTS tentiQ TENT-EXPO
Messe Wächtersbach
Main-Kinzig- Strasse
D-63607, Wächtersbach
Germany

Contact Details

HTS tentiQ
Kefenrod, D-63699
Germany
Tel: +49 (0) 60 49 95 100
Fax: +49 (0) 60 49 95 1020
Email: tentexpo@hts-tentiq.com